Болки и грчеви во нозете може да бидат последица од недостиг на калиум во телото. Ако јадете храна која претежно потекнува од кутии и кесички, веројатно имате премалку калиум во организмот.

Калиумот обезбедува правилна контракција на мускулите во телото, ги регулира телесните течности и рамнотежата на минерали во организмот. Покрај тоа ги ублажува ефектите од прекумерно консумирање на сол, со што се соочуваат многу луѓе во светот. Покрај тоа, ги штити крвните садови од оштетување и задебелување на нивните ѕидови, а покрај тоа го намалува високиот крвен притисок.

Ова се најчестите знаци за недостиг на калиум во организмот:

1.УМОР

На телото му е потребен калиумот за нормално да функционира. Ако постојано сте уморни, а спиете доволно, тогаш можеби ви недостига калиум. Уморот може да биде последица и од стрес, лоша исхрана и недостиг на сон, што се проблеми, кои исто така, се поврзуваат со недостиг на калиум во организмот.

2.ГРЧЕВИ ВО НОЗЕ

Калиумот е потребен за правилна работа на мускулите во целото тело. Кога нивото на овој минерал во телото е многу ниско, тогаш се јавуваат грчеви, неволни контракции во мускулите и болки во текот на денот или додека вежба.

3.ЧУВСТВО НА СЛАБОСТ И ВРТОГЛАВИЦИ

Количеството на калиум може да варира во текот на денот, но голем пад на овој минерал може да доведе до успорување на работата на срцето, па ќе имате чувство како дека во секој момент ќе се онесвестите. Тоа не е вообичаено, и секојпат не е виновно „времето“, па задолжително посетете лекар. Не игнорирајте ни доколку имате трпки во рацете и нозете.

4.ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Без доволно количество на калиум во телото, крвните садови може да се стеснат и крвниот притисок да се покачи. Внимавајте и на срцевите палпации / најважниот мускул во телото не може да работи добро кога во телото нема рамнотежа меѓу калиумот и натриумот.

5.ПОСТОЈАНА ПОДУЕНОСТ

Телото има проблем со регулирањето на солите кога во организмот недостига калиум. Сето тоа може да доведе до подуеност. Ако често ви е подуен стомакот, а немате интолеранција на некоја состојка, тогаш, ова би можело да биде причината.