Ако сме плод на ГРЕШКА при зачнувањето – ВАКОВ ќе ни биде животот

Доколку по грешка или од невнимание сте забремениле, тоа дете ќе се чувствува несакано, недобредојдено, грешка на природата… Од самиот почеток на мејозата, суштеството што се создава впива негативен програм. Тој програм станува важен дел од неговиот понатамошен психички и физички живот.

Каква ќе ни биде судбината и каков ќе ни биде животот, во голема мера зависи од тоа како сме зачнати.

Она што се создава во моментот кога сперматозоидот ќе се спои со јајце клетката – се нарекува ЖИВОТ. Некои велат дека тој ембрион е несвесен за своето постоење, но езотеристите велат дека ТОА има свест уште од самиот почеток, уште кога има големина на зрно грашок. Еднаш создаден ЖИВОТОТ веќе никогаш не умира.

Таа прва клетка која веднаш започнува да се дели и да се развива во комплетен организам, во себе го впива целиот МОМЕНТ во кој дошло до оплодување: размислувањата и емоциите на обата родители.

Но што се случува ако детето се направило по грешка?

Доколку детето било планирано и сакано, дури и пред зачнувањето, има големи шанси да биде среќно во својот живот, стабилно, отпорно на болести и негативности.

Доколку родителите со нетрпение го очекувале и сексот бил планиран со таа намена, детето ќе се чувствува многу сигурно, сакано, добредојдено и ценето, емотивно здраво со големи шанси да изгради успешен живот.

Од друга страна, доколку детето е плод на грешка и зачнато е вон брачна заедница, има големи шанси да биде спротивно од сè погоре опишаното.

Таквото дете се чувствува недобредојдено, несакано, како грешка на природата и како отпад кој треба да се фрли. Од самиот почеток уште на почетокот на мејозата, суштеството што се создава впива негативен програм. Тој програм станува важен дел од неговиот понатамошен психички и физички живот.

Ако мајката планирала да го абортира, па се предомислила, во неговото енергетско поле се создава БЛОК од негативни емоции. Тоа значи дека детето секогаш и секаде ќе се чувствува недобредојдено. Ќе биде слабичко, исцрпено, безволно, во животот ќе биде несреќно и сиромашно, често ќе биде депресивно и склоно на песимистички размислувања со самоубиствени нагони. 

Особено се лоши зачнувањата во алкохолизирана состојба или под дејство на наркотици, како и вонбрачните. Сите состојби и мисли за време на зачнувањето стануваат дел од енергетскиот програм на детето. Особено е важна потсвеста и доколку некој од родителите чувствува длабока вина која несвесно го нагризува, истата таа емоција се пренесува и на детето.

ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ВО МАЈЧИНИОТ СТОМАК

Програмот и натаму се развива, па затоа многу е важно мајката да не чувствува срам од она што го носи во својот стомак. Всушност, сите емоции што ги има мајката за време на бременоста се многу важни.

Додека е во стомакот, детето знае дали е безусловно сакано и сигурно или е плод на грешка по што има каење или кавги поврзани со него. Ако мајката во текот на бременоста била нервозна, депримирана, тажна, ако често плачела – сето тоа негативно ќе влијае врз програмот на детето.

Дали има спас и бришење на ваквиот програм?

Има, но најважно е прво да го препознаете. Треба сами себеси од корен да се репрограмирате и да започнете од фактот дека не сте виновни за она што ви се случува, да сфатите дека целиот свој живот сте биле програмирани на еден начин.

Мора сами да го пронајдете вистинскиот начин и да се обидете да се репрограмирате. Важно е да ги засукате ракавите и да не се откажувате.

Напомена: текстот е информативен