Ако ниту голема шолја кафе не може да ве расони, тогаш погрешно го пиете кафето

И покрај тоа што кофеинот помага при будењето, многумина не го чувствуваат неговото дејство.

Дали и вие припаѓате на групата луѓе кои не можат да се расонат наутро, дури и откако ќе испијат голема шолја силно кафе? И покрај тоа што кофеинот помага при будењето, многумина не го чувствуваат неговото дејство. Спроведеното истражување врз шофери, покажува дека оваа состојба т.н. „имуност на кофеин“ може да се надмине.

Нема да ви се верува, но најдобриот трик за тоа е уште малку сон. Експертите од Лабораторијата за истражување на спиењето од Универзитетот Лафбороу во Велика Британија, дошле до заклучок дека само уште 15-тина минути сон, после испивање на кафето – го засилува будењето. На кофеинот му се потребни 45 минути за да се свари, од моментот на внес во организмот.

Тоа е долг период за дремење после кафе, бидејќи мозокот тогаш влегува во подлабоки фази на сон. Истражувањето покажува дека најдоброто решение за тоа е да отспиете уште 15-тина минути откако ќе го испиете кафето. Кофеинот го блокира производството на соединението аденозин, кое се акумулира во организмот на човекот кога е подолго буден и на крај го успива.

Ако заспиете веднаш после кафето и успеете да ги избегнете последиците од тоа, ќе успеете да го „измамите“ организмот и подоцна полесно да се разбудитеи да бидете подготвени за дневните обврски.