Ако нешто може да го спаси вашиот имунитет – тогаш тоа е оваа состојка – Најсилниот активатор на имунитетот во светот!

Ако нешто може да го спаси вашиот имунитет, тоа е бета – глуканот. Оваа состојка се добива од клеточниот ѕид на пекарскиот квасец, а природен извор на бета глукан се намирници како што се овесот и јачменот, како и одредени медицински габи.

Кога веќе го спомнуваме јачменот и бета глуканот, треба да напоменеме дека водата во која се варел јачменот е исклучително лековита. Досега сигурно сте ја фрлале, но повеќе не го правете тоа, тука сочувувајте ја, бидејќи во себе содржи слуз која ја ослободил јачменот при варењето. Оваа вода е преполна со бета глукан, па додадете малку мед и ќе добиете одличен напиток кој го лекува болното грло.

Ова е исклучителна корисна состојка која за првпат била изолирана во 1968 година, а на нашите пазари може да се најде веќе десеттина години. Последните неколку години стана доста популарен, па може да се купат капсули со чист бета глукан, сируп за возрасни и деца, кесички со прашок, таблети…

Познато е дека делува на два различни начини: поттикнува создавање на коскена с’рж, а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити кои се првата одбранбена линија на организмот. Освен тоа, ги активира и макрофагите, вид на леукоцитни клетки чија основна задача е чистење на организмот од отпадните материи и борба против страни тела.

Се користи кај сите вирусни и бактериски инфекции, а претставува и вистински спас за жени и девојки кои се борат со ХПВ, бидејќи овој чест и досаден вирус најдобро се уништува со силен имунитет, а бета – глуканот го поттикнува токму тоа – создавање на силен имунитет.

Претставува и одличен избор за закрепнување после хируршки зафати, хемотерапија, зрачење и слично. Но, може да се користи и превентивно, особено кога владеат вирози, кога имунитетот ни е ослабен, имајќи во предвид дека сите лошо спиеме, лошо се храниме, не се движиме доволно и постојано сме под стрес… Ако се одлучите за јачменова вода, пијте најмалку еден литар од оваа вода дневно – бета глуканот ќе го спаси вашиот имунитет.