Ако кожата ви е закиселена, направете лековит гел со активен јаглен

Активниот јаглен со години наназад се користи во медицински цели но и за разубавување.

Гелот за туширање направен со активен јаглен, не само што совршено ќе ја исчисти кожата, туку ќе ја негува и хидрира истовремено.

Ги отстранува сите штетни киселини од кожата и одлично ја регенерира. Доколку сакате, можете и сами да си подготвите ваков супер-гел за туширање:

Но прво, еве неколку факти:

-активниот јаглен е одличен апсорбент (впивач) на сите штетни материи од организмот

-ја хидрира кожата

-од кожата ја извлекува претераната киселост- која предизвикува оксидација и стареење

-има ист ефект како солена сауна или парна бања.

Постапка:

1.Иситнете 2-3 таблети активен јаглен (се купува во аптека) и додадете ги во вашиот гел за туширање. Не се плашете ако јагленот не сте го иситниле во прав- доколку има покрупна гранулација, може да послужи и како пилинг за кожата. Добиената содржина од 2-3 таблети, не ја додавајте во целиот гел за туширање, туку претходно ставете ја во филџан или во рака, па тогаш додадете од гелот за туширање, па промешајте. Оваа количина е за една употреба.

2.Нанесете го црниот гел на сунгер и уживајте во туширањето. Пената ќе добие сива боја, но нема да ви ја обои кожата. Активниот јаглен многу лесно се мие.

После туширањето кожата ќе биде мазна и чиста. Ако некој од вас користел глинена маска за тело и лице, ќе го препознае тоа чувство. Ефектот е ист, но ништо не се валка и не треба да се чека да се исуши глината.

Евтино а многу ефикасно и не одзема многу време за приготвување. Ако активниот јаглен на ист начин го додадете во својот гел за миење лице, ќе добиете чисто лице без акни и митесери.

Одличен е за масна кожа на лицето. Јагленот не го користите во чист облик, затоа што тогаш тешко се измива.