-мали израстоци во синусниот канал

Малите полипи во носот може да постојат без да сте свесни за нив, бидејќи не предизвикуваат некои поголеми симптоми. Но, ако не се лекуваат навреме, па дури и малите, може да бидат причина за размножување на бактерии и појава на хронично воспаление на синусите.

Полипите во носот се меснати израстоци на носната слузокожа кои обично се наоѓаат во близина на отворот на синусите. Може да предизвикаат разни тегоби, а лекувањето најчесто е долготрајно.

Во поголем број случаи полипите во носот се бенигни творби кои исполнуваат дел или целата носна шуплина. Често се јавуваат кај постари лица и кај мажи. Полипите во носот кај деца се поретка појава.

КАКО ДОАЃА ДО ПОЈАВА НА ПОЛИПИ ВО НОСОТ?

Нивното создавање може да е предизвикано од повеќе причини: алергиски ринитис, акутна инфекција, хронична инфекција и цисти.

Полипите може да крвават и да се создаваат покрај бенигни тумори во носот. Може да се појават и како реакција на некое страно тело во носот и синусите. Појавата на полипи во носот е тесно поврзана со алергии, синусни инфекции и астма.

СИМПТОМИ:

Ако неодамна сте прележале синусна инфекција или имате алергии на полен, особено внимавајте доколку ви се појават следните симптоми:

-затнат нос без слуз

-течење на носот кое не престанува и после капките

-отежнато дишење и ‘рчење

-хронично воспалени на синусите

-често крвавење од носот

-болка во главата и во пределот на очите

-намалено сетило за мирис

Првите симптоми како што е затнат нос и отежнато дишење не мора нужно да упатува на полипи. Ако повремено се јавува и недостиг на сетилото за мирис и доаѓа до крвавење од нос, тогаш сериозно појдете на преглед на оториноларинголог.

Малите полипи во носот може да поминат незабележано, бидејќи не предизвикуваат симптоми. Ако полипите во нос не се лекуваат навремено, па дури и оние малите може да бидат причина за размножување на бактерии и појава на хронично синусно воспаление.

ЛЕКУВАЊЕ НА ПОЛИПИ ВО НОС СО НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ

Ако лекарските наоди утврдат дека имате полипи во носот, најчестото решение кое се предложува е операција на нос. Пред самата операција можете да пробате природни начини за лекување под контрола на вашиот лекар.

Кога станува збор за помали полипи во нос, обично препишуваат кортикостероиди во облик на спреј. Тие можат да ги намалат но и целосно да ги отстранат. Меѓутоа, кортикостероидите може да предизвикаат непријатни нуспојави, па затоа се препорачуваат во умерени дози.

После хируршкото отстранување доаѓа до олеснување кај пациентот, но секогаш постои ризик од повторно враќање на полипите. Затоа, многу е важно оториноларинголот да ја открие причината за нивното појавување.

ПРИРОДНО ЛЕКУВАЊЕ

Полипите во нос може да се лекуваат на природен начин или барем да се ублажат симптомите.

1.Морска сол и вода

Во чаша топла вода ставете две лажички морска сол и добро промешајте додека солта да се раствори. Со оваа течност испирајте го носот трипати дневно, а најдобро ова да го правите со специјализиран сад за оваа намена (течноста да влезе низ нос а да се исфрли преку уста за да помине низ целиот канал).

Покрај морска сол можете да додадете и неколку капки јод, но ваквата течност се користи поретко: 2 пати седмично и не подолго од 3 месеци.

2.Чај за пиење и инхалирање

Измешајте 20 г корен од бел слез, 20 г корен од коприва и 20 г листови од маточина. Билките иситнете ги и измешајте ги.

Зовријте еден литар вода, изладете па додадете 5 грама од мешавината и оставете до изутрина. Потоа ставете на тивок оган да зоврие. Изладете поклопено па засладете со мед. Овој чај можете да го пиете 6 пати дневно по 100 мл.

Набавете билки и екстракти за инхалирање од аптека. Варете чаеви во широки садови а потоа лицето наведнете го над пареата и покријте ја главата со пешкир. Инхалацијата треба да трае околу 20 минути. Оваа постапка треба да се прави пред спиење, во топла просторија.

3.Чад од прополис

Кај народот често се користи димот од прополис за лекување на полипи во носот.

Парче прополис се става во метална конзерва.

Конзервата се става на жешка рингла.

Кога прополисот ќе започне да чади, тргнете ја конзервата од огнот и започнете да го вдишувате димот, наизменично: прво со едната ноздра (другата ноздра држете ја затворена со прстот), а потоа, на истиот начин и со другата.

Постапката повторувајте ја двапати дневно, подолг период, односно додека да исчезнат полипите.

Овој рецепт го советува познатиот украински фитотерапевт Халисат Сулејманов.

4.Росопас и камилица

2 лажици росопас

2 лажици камилица

Се прелеваат со 500 мл врела вода. Да стои поклопено додека да се излади. Се процедува низ газа и се вшмркува/вбризгува во носот 5-6 пати дневно, во текот на 10 дена. Се прави пауза од 10 дена, а по потреба се повторува.