Ова е стар рецепт за прочистување на станот од вируси кој ни го испрати наша редовна читателка.

„Ова знаење го наследив од мојата баба и редовно го применуваме во сезони на грип и настинки:

Воздухот во просториите каде најмногу  се престојува може да се дезинфицира на едноставен начин. Иако е малку необична постапката, досега се покажа како многу ефикасна.

Земете една главица лук и внимателно исчистете ја од чешнињата.
Стебленцето со останатата лушпа запалете ја во некој огноотпорен сад и оставете да тлее жарчето.

Димот не е многу непријатен но затоа е многу корисен за прочистување на воздухот за превенција од настинки, за прочистување на грлото, носот и белите дробови“.