-Луѓето кои често патат од главоболки обично имаат проблеми со варењето на храната. Повеќето имаат опстипација, дијареа, зголемени киселини и мачнина во желудникот.

Луѓето кои често патат од главоболки обично имаат проблеми со варењето на храната. Повеќето имаат опстипација, дијареа, зголемени киселини и мачнина во желудникот, а како дополнителна тегоба се наведува и главоболката – истакнуваат норвешките научници кои одлучиле да ја итражат врската помеѓу наведените симптоми и болките во главата.

Неопходните податоци ги собрале од 43.732 испитаници и ги преанализирале сите примероци во зависност од болките и годиштето. Во предвид го зеле и податокот дали се депресивни или анксиозни.

На крај дошле до заклучок дека појавата на главоболка е најчесто последица од проблемите со органите за варење. Затоа, доколку имате упорни главоболки, посетете гастроентеролог.