7 причини зошто постојано сте гладни

-Науката објаснува зошто постојано чувствувате глад и како да се изборите со силната потреба нешто да изедете.

Дали повторно сте „гладни“ и откако сте завршиле со оброкот? Дали секогаш нешто грицкате помеѓу оброците?

Ако спаѓате во оваа популација, не сте единствени бидејќи некои луѓе едноставно се посклони на потребата од храна. И додека честопати причината за таквата состојба се одредени медицински причини, како проблеми со тироидеата или зачестена употреба на антидепресиви, во голем број случаи причината е вашиот животен стил и прехрамбените навики, нешто што е се’ во ваши раце.

Ова се 7 можни причини зошто постојано чувствувате глад

ПИЕТЕ ПРЕМНОГУ ГАЗИРАНИ СОКОВИ

Еве уште една причина за да го исфрлите овој вид на пијалак од својата исхрана. Газираните сокови, ледените чаеви и други засладени напитоци се преполни со високо фруктозен пченкарен сируп кој се врзува со низок праг на ситост – се наведува во студијата објавена на Универзитетот Јејл. Тоа се случува бидејќи фруктозата ја блокира нашата мозочна способност да ги обработи сигналите кои ги добиваме од хормонот лептин, кој е пресуден за регулација на апетитот.
Многу подобар избор е минералната вода.

КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА

Храната и напитоците кои потекнуваат од конзерва ја содржат хемикалијата бисфенол А (ВРА). Студиите откриле дека токму оваа хемикалија има големо влијание врз обемот на нашиот струк. Утврдено е дека ВРА го менува нивото на хормонот лептин и грелин кој се задолжени за контрола на глад и ситост во нашиот организам.

НЕ ЈАДЕТЕ ДОВОЛНО ЗА ПОЈАДОК

Докторите имаат право – појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Значи, шолја кафе не е доволна за адекватно да се започне денот.

Според тврдењето на истражувачите од Универзитетот Кембриџ, луѓето кои јадат само 300 калории за појадок се дебелееле двапати повеќе од оние луѓе кои консумирале 500 калории во текот на првиот оброк во денот. Причина: консумирање на повеќе храна за појадок влијае на помал удар на шеќер во крвта и инсулин, што како резултат има помало чувство за глад и желба и храна.

НЕ КОНСУМИРАТЕ ДОВОЛНО САЛАТА

Зелениот зеленчук е пребогат со витамин К, нутриент кој е природен инсулински регулатор. Мажите би требало да внесуваат најмалку 120 микрограми витамин К дневно, што е приближно на една шолја кељ.

НЕ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ВОДА

Дехидратацијата често знае да го имитира чувството за глад. Причина за тоа е збунетоста на хипоталамусот, дел од нашиот мозок кој е задолжен за регулирање на гладта и жедта и кој често знае да ни испрати погрешен сигнал дека сме гладни тогаш кога всушност ни треба вода. Ако сте изеле поголем оброк но и натаму чувствувате глад, испијте чаша вода пред да посегнете по друга храна.

ДОСАДНО ВИ Е

Досадата е еден од најголеми фактори кој придонесува за дебелеење. Всушност, во една студија од 2015 година била откриена јасна поврзаност помеѓу досадата и прејадувањето. Можете да направите тест врз себеси дали навистина сте гладни, така што ќе замислите едно големо сочно парче месо.

Ако навистина сте гладни, месото ќе ви биде многу примамливо. Меѓутоа, доколку забележите дека храната не ве привлекува, постојат големи шанси дека храната ја земате само од досада. Во тој случај вам ви е потребна некоја друга занимација, а не уште еден оброк.

ПОД СТРЕС СТЕ

Сте имале неверојатно стресен ден на работа? Тоа може да има големо влијание врз вашата желба за храна. Кога сме под стрес, нашето тело излачува хормон кортизол, кој ја причинува нашата желба за слатка и солена храна. Во тие ситуации квалитетниот тренинг и здрави ужинки се најдобриот одговор.