48 часовен детокс за целосно чистење на црниот дроб, цревата и бубрезите

Организмот на човекот е совршен механизам кој синхронизирано извршува милион функции. Некои органи покрај својата примарна функција имаат и исклучително важна задача-детоксикација на организмот.

Денес, со секојдневниот стресен начин на живеење, лошата исхрана и загадената животна средина, нашиот организам е преоптеретен.

Затоа, потребно е да им помогнеме на нашите органи, за подобро да си ја извршуваат својата функција, а пуферите да ја одржуваат рН вредноста во нормални и оптимални граници.

Кога е потребна детоксикација:

-при необјаснети главоболки

-болки во грбот

-слаба концентрација

-кршливи нокти и коса

-чести алергии

-честа изложеност на хемикалии, средства за чистење, пестициди, лекови…

Детокс систем на телото

Првата одбранбена линија во организмот се случува во црниот дроб, кој делува како филтер на токсичните супстанции кои ги внесуваме преку храната. Тој е чистач на крвта.

Постојат над 700 видови бактерии (добри и лоши) во нашето дебело црево.

Бубрезите работат како часовници. Тие се филтери кои ги елиминираат отровите преку урината.

Со негување на телото и правилен внес на хранливи материи, вие ќе ги одржувате овие три клучни органи. За да им помогнете, нутриционистите предлагаат 48-часовен детокс, при кој треба да ги јадете следниве оброци, два дена по ред.

Појадок: Киноа со сливи

Започнете го денот со една чаша киноа, житарица која е богата со протеини, фосфор и растителни влакна.

Сувите сливи дополнително го збогатуваат појадокот со диетални влакна и сорбитол, супстанција која делува како лаксатив.

Потребни состојки:

½  чаша киноа, да се исплакне

1 чаша вода

1 прстофат мускатно оревче

1 лажичка рендан ѓумбир

1 лажица масло од ленено семе

1/3 чаша сечкани сливи

¼  чаша оризово млеко

Постапка:

Во еден сад ставете една чаша вода, па потоа додадете ½ чаша киноа, малку морско оревче и едно лажиче рендан ѓумбир. Мешајте ја смесата додека да зоврие.

Кога ќе зоврие, намалете ја малку температурата и продолжете со готвење и мешање уште 10 минути. Тогаш додадете ги сливите и оризовото млеко. Покријте го садот и варете уште 5 минути. Пред послужување додадете едно лажиче ленено масло.

Детокс пијалаци и закуски

За чистење на бубрезите направете го следниот пијалак кој содржи Кале (се нарекува уште „кадрава зелка“, а ако не можете да најдете на нашите пазари, заменете ја со кељ или брокула), потоа ананас кој одлично ќе ја подобри дигестијата, и ѓумбир кој ќе го стимулира протокот на жолчниот сок. За да го направите пијалакот ќе ви биде потребен и блендер.

Потребни состојки:

½ чаша ананас

2 големи краставици

1 китка Кале без стебленца (само мекоит дел од листот)

½  лимон, исцеден

1 – 1,5 см ѓумбир

1 китка нане (1/2 чаша)

Постапка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте до изедначување. Овој пијалак се пие помеѓу орбоците, кога ќе се почувствувате гладни.

Пијалак со ананас, лимон и калинка

Оваа лесна детокс фантазија се прави во соковник.

Потребни состојки:

¾  чаша незасладен сок од ананас

1 лимон

1 чаша незасладен сок од калинка

3 чаши вода

Постапка:

Сите состојки измешајте ги добро. Потоа смесата складирајте ја во стаклено шише. Ќе добиете количина доволна за 4 чаши, кои можете да ги пиете во текот на денот. Ќе уживате во овој освежувачки а здрав напиток.

Зеленчукови закуски

Исечете или изрендајте целер, ’рдовки и краставица, или било кој друг сезонски зеленчук. Зачинете со малку маслиново масло, лимонов сок, многу малку сол и црн пипер.

Вака приготвениот зеленчук можете да го спакувате во пластични зип кесички, и да си ги носите секаде со вас. Можете да јадете колку што сакате во текот на денот.

Ручек: овошно смуди

Ова смуди е богато со есенцијални хранливи материи. Содржи боровинки – богати со кварцетин, флавоноид кој го зголемува имунитетот и одличен е за црниот дроб, банани – богати со витамин Б6, од суштинско значење за детоксикација на црниот дроб, и мелено ленено семе, богато со омега-3 масни киселини, совршени за здравјето на мозокот и растителни влакна за здрава елиминација на отпадните материи.

Потребни состојки:

½ чаша бадемово млеко, незасладено

1 лажица ленено семе или чиа семе (сомелено)

¼ чаша замрзнати боровинки

¼ банана

½ чаша мраз

Постапка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте до изедначување.

Вечера: супа од зеленчук 

Потребни состојки:

2 главици црвен кромид, грубо исечкани

2 целер стебленца, грубо исечкани

1 анасон китка, заедно со лист и стебленца, грубо исечкани

2 лажички ким

2 лажички морска сол

малку свежо сомелен црн пипер

1 чаша исечени шитаки печурки

4 големи чешниња лук, сечкани

1 зелка, грубо исечкани

2 литри вода

2 лажици црвен пипер

2 лажици свежо оригано, сечкано

8 стебленца француски магдонос

½ чаша магдонос, ситно исечкан

Постапка:

Освен сечканиот магдонос, сите други состојки ставете ги во тенџере и додадете 2 литри вода. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе поклопено уште 1 час. На крај послужете со сечкан магдонос одозгора.

за најдобри резултати, следете ги овие правила:

-Не јадете после 7 часот навечер.

-Навечер пред спиење треба да се испие една шолја чај од корен од глуварче.

-Направете бања во која сте додале горчлива (епсон) сол.

loading...