Погледнете неколку оригинални идеи кои ги пронајдовме за вас, а кои можат да ви послужат како инспирација за некои идни креативни предизвици.

Пронајдете стари канти за полевање цвеќе и во нив засадете билки. 

Ако имате стар велосипед, кој одамна е старо железо, тогаш секако размислете за тоа да го вметнете во декорацијата во градината, а во неговата корпа засадете цвеќе. 

Истото можете да го направите и со старите куфери, како и со стари врати и прозорци – секој елемент можете да го прекроите и да направите интересна жардиниера за цвеќе, која истовремено ќе биде прекрасна инсталација за во дворот.